САД се „длабоко загрижени“ поради руското апсење на американски новинар

Фото: Профимедиа

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека е „длабоко загрижен“ од руското апсење на американски новинар и ги осуди напорите на Москва да ги „казни“ медиумите.

„Длабоко сме загрижени поради широко објавеното притворање на американски државјанин – новинар во Русија“, рече Блинкен во изјавата, мислејќи на новинарот на „Вол Стрит Журнал“, Еван Гершкович.

САД генерално избегнуваат да ги именуваат државјаните уапсени во странство без да добијат формална дозвола од нивните семејства.

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска соопшти дека во Екатеринбург е уапсен дописникот на „Волстрит журнал“, Американецот Еван Гершкович под сомнение за шпионажа.

Во соопштението на ФСБ се наведува дека а 32-годишниот Гершкович е осомничен за шпионажа во корист на американската Влада.

Уапсен дописникот на „Волстрит журнал“ во Русија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот