САД предлагаат прорускиот регион Приднестровје да добие посебен статус во рамките на Молдавија

Молдавија знаме/ Фото SOPA Images / Sipa Press / Profimedia

Американскиот амбасадор во Молдавија, Кент Дојл Логсдон, изјави денеска дека Придњестровје треба да добие специјален статус во рамките на Молдавија.

-Сакаме да направиме се што можеме за да го зачуваме интегритетот и безбедноста на Молдавија. Излез од кризата гледаме во давањето специјален статус за Придњестровје, како дел од Молдавија, изјави амбасадорот за време на посетата на молдавскиот град Белција.

Амбасадорот нагласи дека САД се за продолжување на политичките преговори меѓу Тираспол и Кишињев во формат „5 + 2″.

Кишињев и Тираспол учествуваат во преговорите за решение на овој регион во формат „5 + 2″ како страни во конфликтот, Русија, Украина и ОБСЕ како посредници, а Европската унија и САД како набљудувачи.

-САД ќе продолжат да го поддржуваат решавањето на конфликтот во овој формат. Тоа е долгорочен процес, но се заснова на мирно решавање на конфликтот, односно на она што ги прави подобри животите на луѓето од левиот и десниот брег, рече Логсдон.

Молдавскиот заменик премиер за реинтеграција, Олег Серебријан, претходно изјави дека форматот „5 + 2″ за решавање на конфликтот во Придњестровје престанал да биде функционален поради затегнатите односи меѓу Украина и Русија.

Официјален Кишињев, меѓутоа, во моментов не инсистира на промена на тој формат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот