САД постоизборно: Јавниот обвинител Бар побара истрага за наводите за изборни нерегуларности

Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Јавниот овбинител на САД, Вилијам Бар ги овласти своите федерални колеги да ги испитаат наводите за неправилности за време на гласањето на претседателските избори, откако главниот советник за изборни нерегуларности поднесе оставка.

Бар додаде оти ги овластил обвинителите да ги истражат „суштинските обвинувања” за неправилности за време на гласањето и пребројувањето на гласовите. Тој, исто така, прецизира дека истрагите за наводите што очигледно нема да влијаат на исходот на изборите треба да се одложат, сè додека не се потврдат изборите.

– Обвинителите треба да почнат со таканаречени прелиминарни истраги што ќе им овозможат да утврдат дали има докази за преземање на натамошни истражни мерки, рече обвинителот Бар.

Рикард Пилгер, директор на Одделението за изборни нерегуларности во Министерството за правда, преку електронска пошта соопшти дека поднесува оставка, откако прочитал „каква е новата политика и нејзините последици”.

Кампањата на новоизбраниот претседател Џо Бајден соопшти дека жали за одлуката на секретарот Бар да испрати меморандум што, како што е наведено, ќе ги разгори измислените, шпекулативни или измислени тврдења.

– Ова се оние видови тврдења што претседателот и неговите адвокати неуспешно ги прават секој ден, бидејќи на нивните тужби се исмеваат судовите, еден по друг. На крајот, американската демократија е посилна од секоја несмасна и цинична партиска политичка завера, изјави Боб Бауер, адвокат на кампањата на новоизбраниот претседател Џо Бајден.

Според својата политика на работа, Министерството за правда не спроведува истраги или интервјуа со гласачи, сè додека не се потврди дека резултатот од изборите бил под влијание на можна измама, наведува „Гласот на Америка”.

Трамп не ги призна проекциите според кои победник на претседателските избори е демократскиот кандидат Бајден.

Тој и неговата кампања тврдат дека демократите спровеле заговор во повеќе американски држави за да го свртат резултатот од изборите во корист на Бајден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот