САД не сакаат конфликт меѓу Гвајана и Венецуела, велат од Белата куќа

Џон Кирби / Фото EPA-EFE/YURI GRIPAS / POOL

Белата куќа вчера соопшти дека не сака да види конфликт меѓу Венецуела и Гвајана околу регионот Есекибо богат со нафта.

„Сакаме јасно да ставиме до знаење дека не сакаме да видиме никакво насилство или конфликт“, изјави за новинарите портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби.

Тензиите меѓу Гвајана и Венецуела се зголемуваат откако венецуелските власти во неделата одржаа референдум за тоа дали Есекибо треба да стане дел од Венецуела. Според Каракас, на референдумот учествувале околу 10,4 милиони гласачи, од кои 95 отсто го поддржале пристапувањето на Есекибо.

Претседателот на Гвајана, Ирфан Али изјави дека изјавите на венецуелскиот претседател Николас Мадуро во врска со Есекибо се директна закана за Гвајана.

Врз основа на резултатот од референдумот, Мадуро и нареди на државната нафтена компанија „Петролеос де Венецуела“да издаде лиценци за производство на нафта и гас во Есекибо.

Тој исто така побара да се донесе закон за создавање држава по име Гвајана Есекиба, да се спроведе попис на населението и да се издаваат лични карти на жителите.

Во меѓувреме, бразилската војска вчера соопшти дека го зголемува своето присуство долж границите со Гвајана и Венецуела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот