САД месечно ќе примаат до 30 илјади мигранти

Мигранти Мексико
Мексико Мигранти/ Фото EPA-EFE/Juan Manuel Blanco

САД планираат да примат до 30.000 мигранти месечно од Куба, Никарагва, Хаити и Венецуела во рамките на програмата што вклучува депортирање на луѓе од тие земји фатени на границата меѓу САД и Мексико, потврдија официјални лица од двете земји.

Проширената хуманитарна програма ќе се заснова на политиката донесена во октомври која им овозможи на илјадници луѓе од Венецуела да влезат во земјата по воздушен пат, доколку претходно аплицирале во странство и би можеле да докажат дека имаат спонзор од САД, потврдија изворите.

Претседателот Џо Бајден денеска треба да одржи говор за безбедноста на неговата јужна граница, а исто така планира да ја посети следната недела.

Проблемот со масовните илегални преминувања е предизвик за демократскиот претседател од почетокот на неговиот мандат пред две години.

Тој за време на посетата на Кентаки во средата рече дека сака да види „мир и безбедност“ на границата.

„Сакам да видам што се случува. Утре ќе одржам говор за безбедноста на границите“, рече Бајден во средата.

Тој треба да биде во Сиудад де Мексико на 9 и 19 јануари на самитот на северноамериканските лидери, каде ќе се сретне со мексиканскиот претседател Андреас Мануел Лопез Обрадор и канадскиот премиер Џастин Трудо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот