САД ќе го забранат „ТикТок“ доколку Кина не го продаде својот удел

Фото: Flickr

Американската администрација се закани дека ќе го забрани TикТок во САД доколку кинеските сопственици на оваа социјална мрежа не го продадат својот удел во компанијата.

Гардијан денеска пишува дека потегот го покажува стравот на американските власти дека податоците од американските корисници што ги поседува компанијата би можеле да бидат пренесени на кинеската Влада.

ТикТок „под лупа“ и во Британија, министер бара безбедносна проверка на кинеската апликација

Потегот на администрацијата на Бајден, исто така, доаѓа во услови на глобална загриженост дека апликацијата може да се користи од Кинезите за шпионажа.

Велика Британија, Канада и Австралија неодамна ја забранија употребата на апликацијата во нивните парламенти.

Европската комисија им забрани на вработените да користат ТикТок

САД веќе го забранија TиокТок од федералните владини уреди, но ова е првпат администрацијата на Бајден да се закани со потенцијална забрана на социјалната мрежа низ целата земја.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се обиде да го забрани TикТок во САД во 2020 година, но беше блокиран од судовите.

Портпаролката на TикТок, Брук Оберветер, за бротанските медиуми изјави дека компанијата неодамна остварила контакт со Комитетот за странски инвестиции во САД (CFIUS), предводен од Министерството за финансии на САД.

Кина: Забраната за користење на Тик Ток ги открива сите несигурности на Вашингтон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот