Маркети/Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

Саботниот промет во маркетите бил поголем за 11,3 проценти во однос на претходната сабота

Во 8 поголеми ланци на маркети на територијата на целата држава во саботата е регистриран промет од 281.638.578 денари (4,57 милиони евра) , а издадени се вкупно 432.246 фискални сметки, изјавија од УЈП. За „Слободен печат“. Оттаму информираат и дека претходната сабота, односно на 25 јануари, во ГПРС системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 253.153.676 денари (4,12 милиони евра), а издаден се вкупно 415.156 фискални сметки. Согласно овие податоци може да се види дека оваа сабота прометот е поголем за 11,3% во однос на претходната.

Денот кога македонските граѓани ги бојкотираа продавниците поради високите цени, односно во петокот, во ГПРС системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 114.293.367 (1,85 милиони евра) денари и во тој ден издадени се 247.822 фискални сметки. Од овие податоци пак се гледа дека следниот ден по бојкотот, односно во саботата прометот е многу повеќе од двојно зголемен, односно растот е 146,4%.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот