Рускоска најави финансиска истрага против судиите кои ја пуштија Јанева во домашен притвор

Фото: Слободен печат

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска, за „А1он“, по одлуката на судиите од Апелација, која ја пуштија во домашен притвор поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, најави дека ќе спроведе финансиска истрага против нив.

-Решението за Јанева не сме го добила. Но, ние дадовме негативно мислење. За советот што ја донесе одлуката за куќен притвор, ќе отвориме финансиска истрага. Со вакви судии нема место во ЕУ- вели Рускоска, разочарана од одлуката.

Инаку, поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева дваесетина минути пред 18 часот вечерва со полициско комбе беше пренесена во станот на нејзиниот син, каде ќе го чека почетокот на судскиот процес за предметот „Рекет“, во кое таа е една од обвинетите за тргување со влијание.

Јанева се оглуши на новинарските прашања, поврзани со нејзината здравствена состојба.

Апелацискиот суд освен куќен притвор на поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева и определи и мерки за претпазливост, односно забрана да комуницира со лицата опфатени во случајот „Рекет“, таа не смее да ја напушти земјава ниту со лична карта, и го одзеде пасошот и има забрана за издавање на нов.

ОДЗЕМЕН ПАСОШОТ НА КАТИЦА: Апелација и определи мерки на претпазливост

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот