РУСКИТЕ ПРАНКЕРИ ПОВТОРНО ВО АКЦИЈА: Го убедиле гувернерот на Алјаска дека Русија ќе го присвои тој полуостров (ВИДЕО) – Слободен печат
ВестиВи ПрепорачувамеПланета

РУСКИТЕ ПРАНКЕРИ ПОВТОРНО ВО АКЦИЈА: Го убедиле гувернерот на Алјаска дека Русија ќе го присвои тој полуостров (ВИДЕО)

За време на разговорот, тие успеале да го убедат гувернерот дека Москва во Вашингтон „спроведува кампања“, во која се вклучил и славниот рапер 50 Сент.

Руските пранкери Вован и Лексус успеале да го убедат гувернерот на Алјаска, Мајк Данлив, дека Русија сака да го присвои овој полуостров.

Пранкерите, односно Владимир Кузњецов и Алексеј Столјаров, на американскиот политичар му се претставиле како поранешниот украински премиер Владимир Гројсман и поранешниот украински амбасадор во САД, Валериј Чалиј.

За време на разговорот, тие успеале да го убедат гувернерот дека Москва во Вашингтон „спроведува кампања“, во која се вклучил и славниот рапер 50 Сент.

Тој наводно пеел песна во која бара Алјаска да им биде предадена на Русија, бидејќи имаат заедничка „сауна, вотка, хармоника и лосос“.

Фото: Профимедиа

Вован и Лексус, на Данлив исто така му рекле и дека „опасниот руски пејач“, Николај Растрогујев, треба да биде внесен во американскиот список на санкции, како и дека треба да биде приведен и сослушан.

Според зборовите на пранкерите, планот на Русија се базирал на тоа да се одржи лажен референдум за независност на Алјаска, пред да се започне процедурата за нејзино вклучување во состав на Русија.

– Дури можам да наведам и имиња. Тоа е, на пример Ксенија Собчак, телевизиската презентерка која е роднина на Путин. Таа доаѓа со мисија и неофицијално разговара со претставници на различни политички сили, цивилни сили. Таа се подготвува за Алјаска за таму да организира некои провокации – рекол пранкерот кој се претставувал како премиерот на Украина.

Вториот пранкер го убедувал гувернерот на Алјаска дека Русија веќе спроведува кампања за да се спои со Алјаска.

Данлив одговорил дека до него веќе стигнале некои шпекулации во врска со тоа, но дека не знае што точно се случува.

– Тоа се случува токму сега, во Вашингтон. Во моментот. Под прозорецот на нашата амбасада се одржува концерт со руски изведувачи. Популарни руски рап изведувачи. 50 Сент пее песна во која зборува дека Русија и Алјаска се поврзани со заедничка сауна, вотка хармоника и лосос. Ќе го отворам прозорецот за да можете да слушнете – рекол другиот пранкер во разговор со гувернерот на Алјаска, по што на снимката на руски јазик се слуша песна од групата „Љуба“ – „Не глупирај се, Америко“.

Според зборовите на еден од пранкерите, многу среќни Американци го слушале концертот.

Судејќи по приложената снимка, разговорот на пранкерите со гувернерот на Алјаска бил одржан пред неколку месеци, но е објавен дури денеска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close