
Рускиот мобилен оператор „МегаФон“ нападнат од украински хакери
Кибер специјалистите на украинското Министерство за одбрана извршија голем напад врз системите на „МегаФон“, еден од најголемите мобилни и интернет оператори во Русија, јавија украинските медиуми повикувајќи се на разузнавачки извори, објавија украинските медиуми.
Препорачано
Според нив, жителите на Москва, Санкт Петербург и многу централни региони на Руската Федерација од вчера утрото почнаа да се жалат на прекини во мобилните комуникации, интернетот, како и на лошото работење на многу мобилни услуги и апликации. За неколку часа, „Роскомнадзор“ потврди дефект на инфраструктурата“ на компанијата „МегаФон“.
Украинските разузнавачки служби соопштија и дека успешниот кибер напад ја попречил работата и на комуникациските и интернет операторите „Јота“, „НетБиНет“. На Русите привремено им е забранет и пристапот до интернет сервисите како „Стим“, „Твич“ и „Дискорд“.
Во соопштението се наведува дека припадниците на Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина уништиле важна сателитска опрема во руската област Тјоткино.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
19мин
-
45мин
-
49мин
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5