Руски репрезентативци завршија зад решетки

Сега веќе поранешните руски фудбалски репрезентативци, Александр Кокорин и Павел Мамаев се осудени на 18 односно 17 месеци затворска казна.

Во октомври минатата година, Кокорин заедно со својот брат Кирил и Мамаев, во кафе вар влегле во физичка пресметка со службеник од министерството на трговија на Русија, го претепале, а неговиот шофер завршил во болница со тешки телесни повреди.

Александр Кокорин има 27 години и настапи на 48 натпревари за Русија, а своевремено важеше за еден од најталентираните руски фудбалери. Во минатото за него интерес пројави и Арсенал, а поради повреда не беше дел од руската репрезентација на мундијалот кој се одржа минатата година.

Павел Мамаев има 30 години и 15 настапи за својата репрезентација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот