Руски интерес за Столе Димитриевски

EPA-EFE

Димитриевски со шпанскиот клуб има договор до 30 јуни 2022 година, но веднаш медиумите од Пиринеите шпекулираат негово заминување само поради фактот што следната сезона ќе игра во понизок ранг.

Непосредно пред квалификациските мечеви со националниот тим кои ги загубивме во Скопје против Полска и Австрија, Димитриевски имаше интервју за шпанската „Марка“ околу неговата иднина.

Слободен печат/Арбнора Мемети

Како што и самиот истакна дека тука е неговиот менаџер, има клуб, на крајот одлука ќе донесе кога ќе дојде моментот.

Како што известуваат руските медиуми, интерес за нашиот репрезентативен чувар на мрежата покажува екипата на Сочи.

Наредната натпреварувачка сезона 2019/2020 овој клуб ќе игра во најсилната руска фудбалска лига.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот