Димитриевски: Не знам ништо околу иднината, фокусиран сум на националниот тим

EPA-EFE

Столе Димитриевски во интервјуто за „Марка“ веднаш после завршувањето на шампионатот во „Ла Лига“ говореше околу неговата прва сезона во клубот, тимската и неговата иднина.

– Имаме добар тим, за жал не успеавме да ја оствариме целта. Немавме среќа во дел од натпреварите и не ги реализиравме шансите кога беше најпотребно. Рајо не може да се спореди со големите клубови, но ја чувствувам поддршката која доаѓа од фановите – вели Димитриевски.

Среќен е поради фактот што неговиот поранешен клуб Гранада е во трка за настап во „Ла Лига“, а од друга страна не ја исклучува можноста еден ден да се врати, во фудбалот се е можно.

EPA-EFE

Оваа сезона за тимот во шампионатот одигра 11 натпревари. Запрашан дали неговата иднина ја гледа со Рајо во Сегунда, тој одговори:

„Моментно не знам ништо околу мојата иднина, сега не размислувам на тоа. Целосно сум фокусиран на националниот тим. Мојот договор трае до 2022 година. Тука е мојот менаџер, има клуб, на крајот одлуките ќе се донесат кога ќе дојде моментот – додаде голманот на Рајо.

Вели дека „Ла Лига“ е најдобрата фудбалска лига во светот и не размислува да ја напушти Шпанија.

Наредниот месец Димитриевски ќе има нови репрезентативни обврски, во Скопје ќе се играат два нови натпревари во рамките од квалификациите за Европското првенство 2020 година против Полска и Австрија.

– Да се игра за Македонија за мене е најдоброто нешто во светот. Горд што ги бранам боите на оваа земја. Досега уживам на секој натпревар – заврши нашиот чувар на мрежата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот