Фото: Креирана илустрација

Руски дронови удрија врз Одеската област, оштетена е трафостаница

Русија во текот на ноќта ја нападна Одеската област со дронови, а како последица на ударот, има оштетувања на територијата на објект од критичната инфраструктура, пренесе „Суспилне Одеса“.

Нема повредени ниту загинати. Во тек се работи на отстранување на последиците, наведоа од Обласната воена администрација.

Според независни информации, во нападот е оштетена трафостаница.

Во текот на ноќта во Одеската област неколкупати била прогласувана воздушна тревога.

Русија и Украина продолжуваат со војната и покрај помирливите тонови по прогласувањето на дводневно примирје помеѓу Америка и Иран.

Како реагира светот на примирјето помеѓу Иран и Америка?

Русија и Украина речиси секојдневно разменуваат извештаи од почетокот на конфликтот на 24 февруари 2022 година, тврдејќи дека напредуваат или дека ги одбиваат нападите на другата страна. Овие извештаи не се независно потврдени поради тоа што војната сè уште трае.

Најмалку тројца, меѓу кои и едно дете, загинаа во руски напад пред неколку дена врз јужниот украински град Одеса.

Одеса е црноморски пристанишен град со население од приближно еден милион жители и честопати е цел на руски напади како и пошироката Одеска област.

Масовен руски напад со дронови врз Одеса, делови од градот останаа без електрична енергија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот