Руската рубља се врати на курсната листа на Народната банка

Руски рубли, Фото: Архива

Македонија се подготвува за евентуално тргување со гасот во рубли. По речиси два месеци, руската рубља е вратена на курсната листа на Народна банка. Со ова се овозможуваат официјалните трансакции во руската рубља, што е особено значајно ако се земе предвид дека е се поголем притисокот од страна на Русија за плаќање на гасот во рубли. Сега 1 рубља се менува за 0,7866 денари и е поскапа од претходно.

Како што велат од Народната банка, претходно рубљата ја немаше на курсната листа затоа што Европската централна банка на 2 март годинава соопшти дека не е во позиција да го објавува референтниот девизен курс на руската рубља во однос на еврото поради тековно недоволниот обем на тргување. Но, сепак, Народна банка информираше дека за книговодствено искажување на побарувањата и на обврските се користи последниот среден курс на денарот во однос на руската рубља од 2 март. Тогаш, курсот бил: една рубља за 0,5264 денари. Тоа значи дека сега, во однос на курсот од 2 март, за една рубља треба да даваме повеќе денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот