Руската ФСБ откри кој стои зад убиството на Дарија Дугина

„Убиството на новинарката Дарија Дугина е расветлено, го подготвиле украинските специјални служби, а сторителот е државјанката на Украина Наталија Вовк, која по злосторството пребегала во Естонија“, изјавиле за агенцијата Тасс од центарот за односи со јавноста на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).

дугин експлозија атентат принтскрин Твитер

„Како резултат на комплексни итни оперативни и истражни мерки, Федералната служба за безбедност го реши убиството на руската новинарка Дарија Дугина, родена во 1992 година“, нагласуваат од ФСБ. Специјалната служба утврдила дека „злосторството го подготвиле и извршиле украинските специјалци“, а негов сторител е украинската државјанка Вовк Наталија Павловна, родена 1979 година.

Според ФСБ, таа пристигнала во Русија на 23 јули 2022 година, заедно со нејзината ќерка Софија Михајловна, родена во 2010 година.

„Вовк и Софија на денот на убиството биле на литературно-музичкиот фестивал Традиција, каде Дугина била почесен гостин“, соопштија од ФСБ.

Дугина беше убиена во саботата вечерта, кога бомба експлодираше во нејзиниот џип додека возела накај дома. Таа присуствувала на книжевна вечер во близина на Москва со нејзиниот татко Александар Дугин, долгогодишен советник на Владимир Путин, кој ги доби прекарите „Мозокот на Путин“ и „Распутин на Путин“.

Дарја Дугина и нејзиниот татко Александар / Фото: Твитер

Иако беше планирано заедно да се вратат во руската престолнина, Дугин во последен момент решил да земе друг автомобил. Многумина шпекулираа дека тој бил вистинската цел на атентатот, но тоа сѐ уште не е потврдено од истрагата. Кремљ уште веднаш ја обвини Украина за убиство на Дугина, но канцеларијата на украинскиот претседател ги негираше овие наводи.

Судејќи по снимката која ја објавија руските медиуми, автомобилот во кој се наоѓала Дарија е целосно уништен.

Дугин бил сведок на тоа како му умира ќерката

 

На местото на настанот меѓу првите пристигнал и самиот Александар Дугин. Тој ја следел својата ќерка во друг автомобил и бил сведок на нејзината смрт. На социјалните мрежи се појави видео од Дугин на местото на несреќата, на кое се гледа како шокирано ја држи главата додека гледа во запалениот џип.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот