Руската делумна мобилизација завршува за две недели, најави Путин

Владимир Путин/ Фото EPA-EFE/GRIGORY SYSOEV/SPUTNIK/

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека делумната мобилизација во земјата ќе заврши за две недели, пренесува Скак Њуз. Говорејќи на прес-конференција во главниот град на Казахстан, Астана, тој исто така рече дека нема планови за дополнителна воена мобилизација во Русија.

Во септември, министерот за одбрана Сергеј Шојгу рече дека Русија ќе регрутира 300.000 резервисти за поддршка на нејзината воена кампања, откако Путин нареди делумна мобилизација. Рускиот претседател на денешната прес-конференција рече дека наредил делумна мобилизација бидејќи „невозможно е да се одржи фронтот користејќи само војници со договор“.

Тој, исто така, рече дека „сега нема потреба од масовни напади врз Украина“, откако руските сили ги нападнаа градовите низ целата земја. Нападите беа одговор на експлозијата што го оштети мостот што ги поврзува Крим и Русија. Москва ја обвинува Украина за експлозијата.

Рускиот претседател рече и дека она што се случува за време на војната е „непријатно“, но „го правиме она што е правилно“. Тој додаде дека „задачата не е да се уништи Украина“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот