Стив Виткоф, претставник на американскиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин - Извор; X

Русија не споделува разузнавачки информации со Иран, тврди Виткоф

За време на телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп одржан на 9 март, рускиот претседател Владимир Путин ги негираше обвинувањата дека споделувал разузнавачки информации со Иран за време на војната, изјави специјалниот претставник на САД за Блискиот Исток, Стив Виткоф.

„Можеме да им веруваме на збор. Да се надеваме дека не делат“, изјави Виткоф во интервју за Си-ен-би-си.

Виткоф, исто така, објави дека тој и зетот на Трамп, Џаред Кушнер, имале посебен телефонски разговор со советникот за надворешна политика на Путин, Јуриј Ушаков, утрото на 9 март.

Ушаков го повторил истото а тоа е дека Русија не споделува разузнавачки податоци со Иран, рече Виткоф.

Виткоф беше прашан од новинарите дали верува дека Русија споделува информации за локациите на американските воени објекти со Иран и, ако е така, зошто администрацијата на Трамп има намера да ги укине санкциите што им забранија на индиските рафинерии да купуваат руска нафта.

„Јас не сум разузнавачки службеник, па не можам да ви кажам тоа. Можам да ви кажам дека вчера, во разговор со претседателот, Русите рекоа дека не споделуваат разузнавачки податоци. Тоа е она што го кажаа“, одговори Виткоф.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот