Русија ја прекина испораката на гас за Полска

Руски гасовод
Фото EPA/ROBERT GHEMENT

Официјално е потврдено дека Русија денеска престана да испорачува гас на Полска. Оваа информација на прес-конференција ја потврди полската министерка за клима и животна средина Ана Москва, јави Би-Би-Си.

„ПГНиГ (Полската државна компанија за снабдување со гас) денеска доби информација дека рускиот гас повеќе нема да доаѓа преку гасоводот Џамал“, соопшти Москва.

Ана Москва/ Фото EPA-EFE/MARCIN OBARA

„Добивме закани од Газпром“

Таа додаде дека Полска е подготвена за таа ситуација.

По состанокот со германскиот канцелар Олаф Шолц, полскиот премиер Матеуш Моравјецки потврди дека Полска претходно „добила закани од руски Газпром“.

Од Русија се уште нема официјална потврда за прекинот на испораките на гас, односно дали тоа е исполнување на заканата што претходно ја упати до сите „непријателски“ земји кои одбиваат да го платат рускиот гас во рубљи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот