НАТО и Русија - монтажа - Извор - Х

Русија им постави ултиматум на балтичките земји да не го отвораат небото за украински дронови

Русија ги предупреди балтичките држави дека би можеле да се соочат со последици ако им дозволат на украинските беспилотни летала да го користат нивниот воздушен простор за напад врз руска територија, објави британскиот весник „Тајмс“.

Според весникот, Москва им соопштила на земјите-членки на НАТО во балтичкиот регион дека таков потег би можел да се протолкува како директно вклучување во конфликтот.

Еден ден претходно, рускиот политиколог Сергеј Станкевич оцени дека евентуалното отворање на воздушниот простор на балтичките земји за украински беспилотни летала би значело нивно влегување во воен конфликт со Русија.

Инаку,  сдпоред телеграм каналот Меш на 26 март, Литванија, Естонија и Латвија наводно им дозволиле на украинските беспилотни летала да го користат нивниот воздушен простор. Сепак, латвиското Министерство за одбрана соопшти дека балтичките држави не учествувале во планирањето или организирањето на нападите врз руска територија.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно изјави дека Киев се обидува да го искористи потенцијалот на земјите од НАТО во своја корист, што укажува на можноста за ширење на конфликтот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот