Средба Трамп и Путин Фото: Скриншот

Русија и САД се блиску до дипломатско решение за Украина, можна е средба Путин – Трамп

„Верувам дека Русија, САД и Украина се всушност доста блиску до дипломатско решение“.

Специјалниот претставник на рускиот претседател за инвестиции и економска соработка, Кирил Дмитриев, изрази увереност дека Москва и Вашингтон се блиску до дипломатско решение за прекин на војната во Украина.

Дмитриев, кој пристигна во Вашингтон вчера, во интервју за Си-Ен-Ен изјави дека евентуалната втора средба меѓу претседателите Владимир Путин и Доналд Трамп не е откажана и дека двајцата лидери би можеле да се сретнат на друг датум.

Дмитриев по пристигнувањето во Вашингтон рече:

„Верувам дека Русија, САД и Украина се всушност доста блиску до дипломатско решение“.

Специјалниот претставник на Кремљ не даде детали.

– Фактот што претседателот Зеленски сега признава дека ова се бојни линии е голем потег од негова страна. Знаете, неговиот претходен став беше дека Русија треба целосно да се повлече, па всушност мислам дека сме релативно блиску до дипломатско решение – додаде специјалниот претставник на Кремљ.

Дмитриев пристигна во Вашингтон само неколку дена откако САД воведоа санкции врз две од најголемите руски нафтени компании – Росњефт и Лукоил во обид да се изврши притисок врз Москва да ја заврши војната во Украина.

Тој вели дека новите санкции ќе имаат спротивен ефект.

– Тие само ќе доведат до зголемување на цената на бензинот на американските бензински пумпи – рече Дмитриев.

Рускиот дипломат одби да одговори на прашањето со кои американски претставници ќе се сретне. Според „Аксиос“, Дмитриев ќе разговара со специјалниот пратеник на Белата куќа, Стив Виткоф, во текот на денов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот