Русија и Кина ги обвинија Украина и Западот за ескалацијата на конфликтот

Руски тенк Украина EPA-EFE/ATEF SAFADI

 Русија и Кина ги обвинуваат западните земји и Киев за ескалацијата на конфликтот во Украина, наведе денеска Министерството за надворешни работи во Москва, по разговорите меѓу министерите за надворешни работи Сергеј Лавров и Ванг Ји, јави ДПА.

„Министрите го изразија своето заедничко уверување дека причината за актуелната криза е одбивањето на Киев, охрабрено од САД и нивните сојузници, да го спроведе пакетот мерки од Минск одобрен од Советот за безбедност на ОН”, соопшти Министерството.

Според кинеската државна телевизија CCTV, Ванг изјави дека иако Кина отсекогаш го почитувала суверенитетот и територијалниот интегритет на сите земји, украинскиот конфликт има „комплексни и посебни историски аспекти” и дека Пекинг ја разбира „легитимната загриженост на Русија за безбедносните прашања”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот