Нуклеарна централа Запорожје
Нуклеарна централа Запорожје / Фото: EPA-EFE/SERGEI SUPINSKY epa Historical Collection digitized in 2012 as part of the EURO-Photo project

Русија ги отфрли барањата за демилитаризација на нуклеарната централа Запорожје

Русија ги отфрли апелите за целосна демилитаризација на областа околу нуклеарната централа Запорожје во јужна Украина, пренесува Би-Би-Си.

Овој потег ќе ја направи фабриката поранлива, смета руски претставник.

Повиците доаѓаат во време на зголемена загриженост за безбедноста на локацијата – најголемата нуклеарна централа во Европа – бидејќи двете страни се обвинуваат меѓусебно за гранатирање на областа.

Украинските работници управуваат со фабриката, која е под руска контрола од март.

Иван Нечаев, заменик-директорот на Одделот за информации и печат на руското Министерство за надворешни работи, го отфрли повикот.

„Нивното спроведување ќе ја направи фабриката уште поранлива“, изјави Нечаев за новинари.

Нуклеарната централа Запорожје беше едно од првите места заземени од руските трупи по инвазијата на Украина на 24 февруари.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш повторно алармираше за опасноста од нова катастрофа по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски и турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган во четвртокот во Лавов.

„Секоја потенцијална штета за Запорожје е самоубиство“, предупреди Гутереш.

Украинскиот претседател ги повика ОН да обезбедат демилитаризација на нуклеарната централа. Гутереш додаде дека „објектот не смее да се користи како дел од каква било воена операција“.

Колку е реална опасноста од катастрофа во нуклеарна централа Запорожје?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот