Рушити: Генерално сме против помилувања, но да го видиме предлогот

Фото: МИА

Пратеникот Сурија Рушити од Алијансата на Албанците денеска изјави дека нивниот став во однос на помилувањата е конзистентен и дека тие сметаат оти треба да има суштинска борба против криминалот и корупцијата во државата.

Во однос на барањето за автентично толкување на СДСМ за членот 11 од Законот за полмилување, Рушити рече дека пред да го коменира сака да го погледне официјално документот кој се уште не му е доставен.

Сурија Рушити е петнаесетиот член на Законодавно правната комисија, која со заминувањето на Весел Мемеди остана со едно испразнето место. Рушити беше избран за заменик-член во ЗКП односно го заменува Мемеди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот