Руденко: Русија, САД и Франција работат на деескалација на ситуацијата во Нагорно-Карабах

Фото: EPA-EFE/ARMENIAN DEFENCE MINISTRY HANDOUT BEST QUALITY AVAILABLE HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Рускиот заменик министер за надворешни работи, Андреј Руденко, попладнево изјави дека Русија, САД и Франција вложуваат заеднички напори за намалување на тензиите и деескалација на ситуацијата во регионот Нагорно-Карабах, јави агенцијата „Анса“.

Во спорниот кавкаски регион Нагорно-Карабах што формално му припаѓа на Азербејџан, а во кој живее мнозинско ерменско етничко населние, во неделата почнаа судири меѓу соседните држави Азербејџан и Ерменија.

Оттогаш двете земји меѓусебно се обвинуваат за почнување на жестоките воени дејствија, а досега има стотици загинати и повредени војници и цивили на двете страни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот