Ручек на сметка на Трамп: Се гостеа само лидерите кои издвојуваат пари за одбраната

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска организираше ручек за лидерите на земјите членки на НАТО кои издвојуваат два отсто од својот БДП за одбраната.

Ручекот за таканаречените „два отсто”, како што Трамп ги нарече, беше приреден за само 9 од 29 лидери на земјите членки на НАТО, пренесоа американските медиуми.

– Ручекот е на моја сметка, рече Трамп пред лидерите на Велика Британија, Бугарија, Естонија, Грција, Летонија, Полска, Литванија и Романија.

Агенциите наведуваат дека со овој потег Трамп сакал да ги казни другите членки на Алијансата кои не одвојуваат толку за одбраната.

Трамп, инаку, претходно денеска ги откажа сите прес конференции бидејќи порано се врати во Вашингтон. Најверојатно тоа го направи бидејќи не можеше да го скрие незадоволството од снимката на која холандскиот премиер Марк Руте, канадскиот премиер Џастин Трудо, британскиот премиер Борис Џонсон и францускиот претседател Емануел Макрон го коментираат неговиот тим. Виралното видео од лидерите погледнете го тука, а реакцијата на Доналд Трамп тука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот