Розга откри какви мажи сака: Оваа категорија на мажи ми е омилена!

Јелена Розга во текот на своето гостување во Белград даде интервју за српскиот Блиц, а меѓу останатото откри и какви и се критериумите при изборот на партнер.

Критериумите се секогаш исти, всушност секогаш е еден – да бидам среќна. Сите имаме различни критериуми, некој бара едно, некој друго. Нешто што за мене е добро не мора да биде и за вас и обратно, заетоа единствениот рецепт е некој да ве почитува, да знае да ве насмее и да ве направи среќни“, изјави таа.

Прашањето за наводната врска со 11 години помладиот Србин сепак го избегна.

„Вистина е во голема љубов сум со музиката, работам на нов акустичен албум и нова песна. И многу е емотивно“, тврди таа.

Иако призна дека мажите и се нафрлаат дури и преку социјалните мрежи, таа откри дека сепак подраг и е пристапот очи во очи.

„Има секакви луѓе, некои се одважни, некои срамежливи, но јас секогаш ќе бидам за оние џентлмените кои се уште се трудат да ја освојат жената и нејзиното срце наместо да се кријат зад социјалните мрежи“, заклучи пејачката.

Видео на денот