Симбол З Роснефт бензинска станица пумпаа
Бензиска станица Роснефт во Москва, зад неа се гледа симболот „Z“ на зградата од „Гаспром“ EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Роснефт“ во Германија изземен од санкциите, Вашингтон прави исклучок

Германската министерка за економија и енергетика, Катерина Рајхе, денес изјави дека американската влада дала писмени гаранции дека германските операции на руската компанија „Роснефт“ ќе бидат ослободени од нови енергетски санкции, бидејќи сопственоста повеќе не се под руска контрола.

Рајхе изјави дека САД синоќа доставиле „Писмо за утеха“ со кое се потврдува дека „Роснефт“ во Германија е целосно одвоен од својата руска матична компанија. Американскиот претседател Доналд Трамп воведе санкции врз Русија на 23 октомври поради војната во Украина, за прв пат во својот втор мандат, насочени кон нафтените компании „Лукоил“ и „Роснефт“.

Министерството за финансии на САД, кое ги издаде санкциите, изјави дека е подготвено да преземе понатамошни мерки и ја повика Москва веднаш да се согласи на прекин на огнот во војната во Украина, која започна во февруари 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот