Роскосмос соопшти дека ќе продолжи со заедничките летови со НАСА до 2025 година

Фото: МИА

Руската државна вселенска агенција Роскосмос денеска објави дека програмата за заеднички летови со НАСА до Меѓународната вселенска станица (МВС) се продолжува до 2025 година, пренесе новинската агенција Интерфакс.

Заедничките летови продолжуваат „за да се одржи доверливоста на операцијата на ISS“ и ќе се вршат на руски и американски вселенски летала, соопшти Роскосмос.

Во овие летови, еден американски астронаут е испратен во ISS како дел од екипажот на руското летало, односно еден руски космонаут станува дел од американскиот екипаж, објави Интерфакс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот