Кристијано Роналдо/AlNassr FC

Роналдо стана косопственик на Алмерија, но во шпанскиот клуб сакаат и да заигра за нив

Кристијано Роналдо повторно е во фокусот на шпанската јавност, но овојпат не поради трансфер, туку поради сопственичка авантура. Португалецот неодамна стана косопственик на второлигашот Алмерија, откако преку своја компанија откупи 25 проценти од акциите на клубот.

Овој потег веднаш ги разгоре шпекулациите дека 41-годишната ѕвезда би можела повторно да се појави на европската сцена и тоа во двојна улога, како играч и како дел од сопственичката структура. Во пресрет на гостувањето кај Албасете, тренерот Руби не ја криеше возбудата околу доаѓањето на Роналдо во клубот.

„Среќни сме и му посакуваме добредојде. Некој со неговото искуство и знаење може многу да придонесе за развојот на клубот. Ова е голем момент за нас, за градот и за целата покраина“, порача стратегот, додавајќи дека Роналдо веќе има добри релации со сопствениците.

Во Алмерија не ја кријат желбата да го видат Португалецот и на теренот.

„Дали ќе заигра за нас зависи од него, но тоа би било спектакуларно. Ако реши да продолжи да игра, секој тренер би го пречекал со раширени раце“, истакна Руби.

Роналдо веќе остави неизбришлива трага во шпанскиот фудбал со настапите за Реал Мадрид.

Роналдо веќе не е само фудбалер – стана косопственик на шпански клуб

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот