Роналдо со порака до целиот свет: Ви зборувам како син, татко и човек!

Кристијано Роналдо /

Португалецот се само-изолираше на островот Мадеира во неговиот дом по веста дека неговиот соиграч од Јувентус, Даниеле Ругани, е позитивен на коронавирусот.

Фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо (35), испрати порака ширум светот, а поврзано со пандемијата на коронавирусот.

Португалецот се само-изолираше на островот Мадеира во неговиот дом по веста дека неговиот соиграч од Јувентус, Даниеле Ругани, е позитивен на коронавирусот.

Светот минува низ многу тежок момент што бара најголема грижа и внимание од сите нас. Денеска ви зборувам не како фудбалер, туку како син, татко и човек кој е загрижен за најновите настани што влијаат на целиот свет.

Важно е сите да ги следиме советите на Светската здравствена организација (СЗО) и надлежните органи кои одлучуваат како да се справуваме со моменталната состојба. Заштитата на човековиот живот мора да биде над сите други интереси.

Сакам да ги споделам моите мисли со сите кои изгубиле некој близок, мојата солидарност со оние кои се борат против вирусот, како мојот соиграч Даниеле Ругани и мојата континуирана поддршка за неверојатните професионалци за здравствена заштита кои ги ставаат своите животи во опасност со цел да ги спасат другите – напиша еден од најдобрите светски фудбалери на Инстаграм, Кристијано Роналдо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот