Јувентус објави: Ругани позитивен на коронавирус!

фото: твитер

Италијанскиот шампион ги презема сите мерки на изолација предвидени со закон, вклучително и составувањето на списокот на сите лица што биле во контакт со него.

Поради епидемијата на коронавирусот прекината е Серија А, а Јувентус вечерва потврди дека неговиот дефанзивец Даниеле Ругани е позитивен на овој вирус.

Оваа вест ја потврди клубот од Торино. Поради коронавирусот целта Италија е во карантин, а до 3. април се забранети спортските настани во оваа држава.

Ругани е секако еден од клучните играчи на италијанскиот фудбалски шампион…

– Фудбалерот Даниеле Ругани беше позитивен на тестот на коронавирус, а моментно не чувствува било какви симптоми. Фудбалскиот клуб Јувентус ги презема сите мерки на изолација предвидени со закон, вклучително и составувањето на списокот на сите лица што биле во контакт со него – соопштуваат од италијанскиот тим.

Информациите дека Ругани има коронавирус, од корен ја менува целата ситуација во Јувентус.
Јасно е дека тој нема да може да патува во Лион за натпреварот во Лигата на шампионите, но најголемото прашање е дали тој го пренел вирусот на кој било од неговите соиграчи на тренинзите и дружење во спортскиот камп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот