Кристијано Роналдо/AlNassr FC

Роналдо продолжува да тресе мрежи – постигна 500 гола по 30 години

Годините за Кристијано Роналдо очигледно се само бројка. Португалската ѕвезда уште еднаш потврди дека и во петтата деценија од животот игра во врвна форма, откако на последниот натпревар за Ал Наср стигна до импресивната бројка од 500 гола во клупската кариера.

Со тоа, Роналдо сега е на вкупно 964 погодоци во официјални натпревари и чекори кон својата голема цел, магичната граница од 1000 голови.

Посебно фасцинантен е неговиот учинок по 30-тата година. Откако влезе во четвртата деценија, Роналдо постигна дури 162 гола за Реал Мадрид, 116 за Ал Наср, 101 за Јувентус, 91 за Португалија и 27 за Манчестер Јунајтед.

Во најновиот настап, Ал Наср убедливо го совлада Ал Хазем со 4-0, а Роналдо повторно беше во центарот на вниманието. Постигна два гола, двата по асистенции на Кингсли Коман

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот