Романот „Ѕиркачот“ на Александар Прокопиев излезе на албански јазик во издание на „Фан Ноли“ во Тирана

Насловна корица на книгата

Романот „Ѕиркачот“ на Александар Прокопиев, објавен на македонски јазик во 2007-та, го продолжува своето преводно патување низ балканските јазици. Само неколку месеци по словенечкото, деновиве во познатото тиранско книгоиздателство „Фан Ноли“ излезе од печат албанското издание, „Përgjunesi“, во превод на Џемиле Жикај.

Инаку претходно истиот издавач, „Фан Ноли“, ја објави на албански јазик и збирката бајки за возрасни „Човечулец“.

– „Ѕиркачот“ за мене е посебно блиска книга. Ме радува што таа на свој ненаметлив, но сигурен начин, по својата објава на македонски јазик пред петнаесетина години, ги интригира странските читатели и критика. Така, преводот на „Ѕиркачот“ на италијански јазик има две изданија во две различни едиции – изјави писателот Александар Прокопиев.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 201, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 21-23.10.2023)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот