Ролан Гарос: Крај за седмиот носител

epa08680952 Matteo Berrettini of Italy reacts after his men's singles quarter-finals round match against Casper Ruud of Norway at the Italian Open tennis tournament in Rome, Italy, 19 September 2020. EPA-EFE/Riccardo Antimiani / POOL

Италијанскиот тенисер Матео Беретини, кој е седми носител на Ролан Гарос доживеа шокантен пораз во третото коло.

Подобар од Беретини беше германскиот тенисер Даниел Алтмаер кој е 186. тенисер на АТП ранг листата. Алтмаер го совлада Беретини во три сета со 6:2,7:6,6:4 за два часа и 18 минути игра.

Ова не е прва голема победа за Алтмаер кој претходно успешно ги мина квалификациите, а во првите две кола беше подобар од Фелисијано Лопез и Јан-Ленард Штруф и тоа во три сета.

Германецот во првиот сет направи два брејка за убедлив триумф, но во вториот сет Беретини ја презеде иницијативата и прв зададе удар. Но, Алтмаер успеа некако да се врати во игра и со брејк во десеттиот гем за 5:5 да го однесе сетот во тај брејкот каде доминираше над Италијанецот и поведе со 2:0 во сетови. Деморализираниот Беретини не можеше да се созеде, грешеше и во третиот сет со што му ја олесни задачата на противникот.

Нареден противник на Алтмаер ќе биде Шпанецот Пабло Карењо-Буста кој во шпанската пресметка со 6:4,6:4,5:7,6:4 беше подобар од Роберто Баутиста Агут.

Интересно е што доколку го совлада Алтмаер, Карењо-Буста во четвртфиналето би можел да игра против Новак Ѓоковиќ кој исто така треба да ги совлада своите противници. Имено, Ѓоковиќ беше дисквалификуван од УС Опен токму за време на дуелот против Шпанецот.

Лесни победи во три сета остварија Андреј Рублев и Мартон Фучович против Кевин Андерсон односно Тиаго Монтеиро.

Во женска конкуренција,американската тенисерка Софија Кенин се пласира во осминафиналето со победата над Ирина Марија Бара со 6:2,6:0. Интересно е што Кенин на почетокот губеше со 0:2 во гемови, за потоа да ги освои сите 12 во низа и да триумфира.

За разлика од Американката, Ролан Гарос заврши за Арина Забаленка која е елинирана од Онс Жабер со 7:6,2:6,6:3.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот