РОК-ЅВЕЗДАТА ЗА БРАКОТ И ЉУБОВТА: Никогаш нема да ме видите со љубовница

бон џови сопруга
Фото Профимедиа

Рокерот Џон Бон Џови има едно мото кога е во прашање љубовта – на сцена е рок-ѕвезда, а дома е посветен сопруг и татко.

Тој е веќе 30 години во брак со неговата сопруга Доротеа со која има четири деца. Рокерот вели дека никогаш не зажалил што избрал приватно да биде сопруг, а не рок-ѕвезда.

Во 1989 година, тој се оженил со својата средношколска љубов во Лас Вегас. Многу обожавателки тогаш тагувале, но тоа не го поколебало во неговата одлука. Бон Џови и денеска е среќен со семејниот живот.

Неговите колеги, на негови години веќе се женеле и разведувале и по неколкупати.

„Тоа не е за мене. Го разбрав бракот и првиот пат“, одговара тој.

За својата сопруга вели дека таа е „лепилото“ што ги држи нешата на место. Иако многумина мислеле дека тој брак нема да потрае, Џон Бон Џови и Доротеа низ годините го докажаа токму спротивното.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот