Родригез може да го напушти Реал за 25 милиони евра

фото. твитер

Фудбалерот од средниот ред на Реал, Хамес Родригез на крајот на сезоната најверојатно ќе го смени клубот.

Мадридскиот гигант е подготвен да се раздели со 28-годишниот Колумбиец, кој може да стане слободен агент за една година.

Затоа, Реал Мадрид сака да го продаде играчот од средниот ред за околу 25 милиони евра, пренесува „Марка”. Само пред една година, Атлетико и Наполи понудија 45-50 милиони за Родригез, но кралскиот клуб одби.

Сега играчот за играчот се заинтересирани Манчестер јунајтед, Арсенал, Евертон и Вулверхемптон, кои се свесни дека Реал Мадрид е присилен да го пушти Хамес да си оди за „разумна” цена.

Доколку фудбалерот остане на „Сантијаго Бернабеу”, тогаш мадридскиот тим планира да преговара за намалување на платата со него. Во моментов, тој добива повеќе од седум милиони евра годишно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот