Драгана Спасевска воспитувач,глас на родителите Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Родителите со ултиматум до МОН: Ако не ни одговорат до понеделник, одиме на протест

По средбата на иницијативата „Настава и учебници мора да има“, воспитувачката Драгана Спасевска, која го претставува гласот на родителите, изјави дека со претставници на МОН се разговарале неколку точки од нивните барања, на кои тое не биле подготвени да одговорат.

– На оваа конструктивна среба разговаравме за нашите барања да се изучува наставата од хартиени учебници, да се исфрли родово сензитивната содржина од учебниците и родителите да бидат вклучено во образовните политики, изјави Спасевска, потенцирајќи дека доколку до почетокот на следната недела не се одговори на овие барања родителите ќе излезат на протест.

– Претставниците на МОН на оваа средба не беа подготвени да ни одговорат на барањата и ако тоа не се случи до следната недела, тогаш ќе излеземе на протест, порача Спасевска, истакнувајќи и дека додека се чека одоворот од МОН на овие барања бојкотот ќе биде ставен во мирување.

Спасевска уште еднаш повтори дека ова е граѓанска иницијатива без политичка позадина, нагласувајќи дека таа е гласот на родителите, а не на некоја политичка партија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот