загината кран монтана фото: принтскрин/X

Родителите на келнерката која загина во барот во Швајцарија прашуваат: Зошто вратата за излез за итни случаи била заклучена?

Родителите на 24-годишната Цијана Панина од Франција, келнерката која загина во пожарот на новогодишната ноќ во барот „Ле Констелејшн“ во Кран Монтана, Швајцарија, зборуваа за последните моменти од животот на нивната ќерка. Девојката се обидела да избега низ излезот за итни случаи, но вратата била заклучена, објави белгиски HLN.

Пронајдена пред заклучена врата

Цијана, која работела во барот на новогодишната ноќ, добро го познавала местото и веднаш истрчала кон излезот за итни случаи во подрумот, надевајќи се дека ќе се спаси себеси и другите гости. Нејзините пријатели подоцна им раскажале на нејзините родители, Астрид и Жером, како ја пронашле во несвест пред таа врата откако успеале да ја скршат однадвор.

„Ја извлекле надвор.  Иако била во несвест, таа сè уште била жива. Според нив, ја однеле во близок бар каде што се обидувале да ја реанимираат 40 минути, но без успех. Зошто вратата беше заклучена?“, рекла нејзината мајка  Астрид.

Цијана била погребана минатата сабота во францускиот град Сет.

Родителите не можат да разберат зошто излезот за итни случаи бил заклучен.

„Сопственикот се плашеше дека луѓето ќе влезат без да платат. Но, масите чинеа 1.000 евра. А не можете дури ни чувар да постави на таа врата… Можеше да ја отвори, и сите деца ќе излезеа. Можеби тогаш воопшто немаше да има смртни случаи“, додала таа.

Време за тага и гнев

Веднаш по несреќата, Астрид и Жером отпатуваа во Швајцарија со нивната втора ќерка, Еолин, за да го идентификуваат телото и да го организираат транспортот на останките во Франција.

„Таа беше како зрак сончева светлина. Сонцето не изгреа за нас од почетокот на 2026 година. Постои време за тага и време за одговорност и гнев. Мислам дека гневот брзо ќе победи“, порачал таткото на девојката.

Во пожарот во Кран-Монтана, 40 млади луѓе ги загубија животите, а 116 беа повредени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот