
Родители на протести во Струмица: Не за родова идеологија во училиштата!
Не за родовата идеологија во наставните содржини во основното и средното образование, порачуваат од здружението „Родителски фронт“ од Струмица. Од здружението кое вечерва организираше голем промотивен настан на плоштадот Гоце Делчев велат дека единствено родителите се тие кои може да одлучуваат што ќе учат нивните деца.
Препорачано
Втората цел е промовирање и заштита на традиционалните семејни вредности. Вечерва организиравме промотивен настан со цел гласно и јасно да кажеме не на родовата идеологија и пропаганда во училиштата. Ние сме тука за да кажеме дека сме закрила на нашите деца и никој освен нас, родителите нема право да одлучува за тоа што ќе учат во училиштата, изјави Мариета Дукиќ од „Родителски фронт“.
Според Ѓорги Танушев, независен советник во Советот на Општина Струмица, треба да се поддржи овој настан и да се изрази загриженост за тоа што им се случува на децата.
-Особено со последните материјали што излегоа во јавноста, она што во формалното образование веќе постои треба да се ревидира и во таа смисла треба да се загрижиме што ни учат децата и каква иднина ќе имаме ако ги оставиме работите така да течат, рече Танушев.
Голем број граѓани кои присуствуваа на собирот со нивниот потпис дадоа поддршка и на акцијата што ја покрена Родителски фронт, а има за цел да каже не родовата пропаганда и идеологија во документи и програмите во училиштата, актите и стратегиите во општина Струмица.