Родител на рането момче: Видов како Адеми го погоди својот син

Јусуф Билали, кој е родител на едно од ранетите момчиња на свадба во Тетово, за Алсат М ја демантираше изјавата на пратеникот Џеват Адеми дека не пукал и не е виновен за ранувањето на синот и уште едно момче.

Билали, како што тврди, го видел целиот настан и сведочи дека Адмеи заедно со уште едно лице испукале од огнени оружја и раниле две момчиња.

– Пратеникот удри со пиштолот на маса. Видов дека го погоди својот син и како лекар станав од масата за да му помогнам на неговиот син. Кога стигнав, бидејќи бев на три чекори далечина, кога стигнав до синот на Џеват Адеми, мојот син ми рече, тато ме отепаа – вели Јусуф Биљали.

Адеми пред неколку дена ги отфрли обвинувањата дека пукал.

– Ми зедоа парафинска ракавица. Затоа ја охрабрувам, како полицијата, така и обвинителството да ја завршат својата работа и случајот да го истераат до крај. Никогаш не сум користел оружје на оваа семејна забава, па дури и остро ја осудувам употребата на оружје на вакви забави каде што честопати жртви се невини лица – тврдеше Адеми пред неколку дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот