Родени Лу Рид, Крис Мартин и уште неколку настани кои ја одбележаа музиката низ историјата…

Покојната рок легенда, американскиот пејач Лу Рид, роден е на денешен ден во 1942 година. Рид остави голем белег во музичката индустрија, а неговиот хит „Perfect day“ и денеска е редовен избор речиси на сите радио станици ширум светот.

Во продолжение прочитајте за најважните настани кои оставија голем белег во музиката, а се случија на денешен ден: 

1942 година – Роден Лу Рид, американски пејач, гитарист и автор, член на експерименталната арт рок група „Velvet underground“ (1965-1973), како и солистички автор-изведувач.

1948 година – Роден Рори Галагер, ирски блус, рок гитарист, најпознат по својата соло карииера во која реализираше 18 албуми, но и по работата со групата „Taste“ во шеесеттите години од минатиот век.

1955 година – Роден Зринко Тутиќ, еден од најпознатите и најплодни автори на поп сцената во поранешна Југославија. 

1977 година – Роден Крис Мартин, главен вокал, пијанист и ритам гитарист на групата „Coldplay“.

1983 година – Почнува ерата на цедињата – На денешен ден во Америка и на уште неколку пазари во светот, во продажба се појавија првите це-де плеери.

1999 година – Почина Дасти Спрингфилд (59), британска пејачка која беше една од ретките женски учесници во таканаречената Британска поп инвазија во Америка. Нејзиниот прв хит сингл од 1963 година беше „I only want to be with you“, а таа реализираше уште 16 хит синглови кои ги освоија светските топ листи.

2003 година – Почина авторот на „The Twist“, Хенк Балард (66), афро-американски ар-ен-би и рок пејач. Тој ја напиша и сними песната „The Twist“, која стана мега-хит на сите топ листи во светот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот