Роден е Ангус Јанг, Џими Хендрикс првпат запали гитара на сцена и други настани кои ја одбележаа музиката низ историјата…

Во продолжение прочитајте за сите настани кои ја одбележаа музиката низ историјата…

Денешниот ден во музичката историја го одбележаа повеќе работи, меѓутоа, моментот кога легендарниот Џими Хендрикс запали гитара на сцена дефинитивно е нешто што остави голем белег.

Во продолжение прочитајте за сите настани кои ја одбележаа музиката низ историјата:

1948 година – Роден е Мик Ралфс, англиски гитарист и коосновач на групите „Mott the hoople“ и „Bad company“.

1958 година – Чак Бери, еден од пионерите и највлијателните рок изведувачи, го објави својот 11. сингл со сопствена авторска песна под наслов „Johnny B.Good“. Песната заврши на седмото место на познатата листа на магазинот „Ролинг Стоун“ од 500 најдобри рок нумери на сите времиња, како и прва помеѓу 100те најголеми гитарски дела, а ова е всушност и најславниот наслов на американскиот рокер.

1959 година – Роден Ангус Јанг, гитарист и автор во австралиската хард рок група „AC/DC“.

1967 година – Џими Хендрикс пали гитара на сцена! Настапувајќи како прв изведувач на еден концерт во Лондон, во салата Асторија, на првата вечер од британската турнеја, Хендрикс го заврши својот настап со палење на гитара, што ја шокираше, но и фасцинираше публиката. До оваа идеја дојде менаџерот на Џими, па Хендрикс веќе следната гитара ќе ја запали на Монтри Поп фестивалот истата година.

1967 година – Роден Милан Ѓурѓевиќ, рок клавијатурист и основач на белградската рок група „Неверне бебе“.

1987 година – Принц објави двоен албум под назив „Sing o’ the times“, деветтиот наслов во кариерата и прв по прекинувањето со работа во групата „The revolution“. Со песните од различни стилови како фанк, сол, психоделичен поп, електро рок, ова издание се смета за еден од најдобрите албуми во осумдесеттите години.

1989 година – Излезе четвртиот албум на „Црвена јабука“ – „Таму гдје љубав почиње“, чиј најголеми успеси се песните „То ми ради“, „Туга, ти и ја“ и „Тамо гдје љубав почиње“.

1995 година – Убиена Селена (23). Мексиканско-американска пејачка и голема латино ѕвезда, зад чие убиство стои Јоланда Салдивар, претседателка на нејзин фан клуб и менаџерка на бутик кој го поседуваше пејачката.

2004 година – Босанската група „Дубиоза колектив“ го објави дебитантскиот и истоимен албум, кој содржеше 11 песни, сите на англиски јазик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот