Роби Вилијамс потрошил милиони на скапи автомобили, а никогаш немал возачка, ниту планира да ја има! (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Роби Вилијамс (46) во кариерата си приуштил многу задоволства, но имал и доста лоши финансиски потези. Тој има купено пет луксузни автомобили наеднаш, а замислете, нема возачка дозвола, ниту пак планира да ја има.

Поп-ѕвездата призна дека во младите денови не водел многу сметка со парите кои ги заработува, па така и решил да има богат возен парк, без разлика што не е возач.

 

View this post on Instagram

 

Taking a break from signing the album x ‘Signed by Robbie’ bundle available exclusively on RobbieWilliams.com (link in bio)

A post shared by Robbie Williams (@robbiewilliams) on

– Проблем беше што тоа време бев кај Елтон Џон и се воодушевив од неговата гаража, во кои имаше Ферари, Астон Мартин и уште неколку други луксузни автомобили. Бев млад и тоа страшно ме импресионираше. Истиот ден си нарачав пет автомобили за мене. По неколку дена се прашав зошто ми требаше сето тоа, па за брзо време ги продадов – раскажал Вилијамс во едно интервју за британско радио.

На прашањето како сè уште нема возачка дозвола, пејачот објаснил дека за тоа никогаш немал интерес, па веројатно нема и никогаш да положи додека го вози некој друг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот