Роберто Баџо: Срамота е европскиот првак да не учествува директно на Мундијалот

Италијанците беа елиминирани во мундијалскиот бараж од Македонија/ фото: EPA-EFE/CARMELO IMBESI

Италијанските фудбалери беа поразени со 3:0 од Аргентина на „Финалисима“ во Лондон, натпревар во кој играа европскиот шампион и шампионот на Јужна Америка.

По овој дуел свој коментар имаше поранешниот италијански репрезентативец Роберто Баџо, кој е незадоволен што неговата земја не учествува на Светското првенство 2022.

– Италија го освои Европското првенство, штета е што автоматски не избори пласман на СП. Секој може да загуби натпревар против кој било тим кога има лош ден, но овие момци заслужуваат некаква награда за постигнатото, нели? Да бев дел од тој тим, ќе ми беше многу болно да го прифатам тој факт – вели Баџо.

Се чини дека Италијанецот не може да ги гледа игрите на својата репрезентација. Ако се земат предвид сите настапи на Италија во квалификациите за СП, нема да биде дека единствениот проблем е среќата, веќе е јасно дека на големите земји им е тешко да прифатат дека не секогаш заслужиле да бидат меѓу најдобрите.

Потсетување дека играчите на Роберто Манчини во Палермо загубија од Македонија во полуфиналето од баражот за учество на Мундијалот во Катар.

– Мислам дека Италија претрпе психички последици бидејќи не успеа да се пласира на Мундијалот. Јасно е дека проблемот е од психолошка природа. Тоа јасно го видовме на дуелот со Аргентина. Смиреноста и самодовербата на Аргентинците беа неспоредливи во однос на психичката состојба на нашите момци. Роберто Манчини направи нешто несекојдневно. Затоа мора да се почитува и да му се дозволи да продолжи да работи како досега. Имаме млади таленти кои немаа премногу простор за настап во Серија А и тоа е познат проблем – рече легендарниот Баџо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот