Робeрт Абела е новиoт премиер на Малта

Новиот премиер е син на поранешниот претседател на земјата Џорџ Абела, кој на оваа функција беше од 2009 до 2014 година.

Правникот и пратеник во малтешкиот Парламент – Роберт Абела е избран за нов премиер на Малта, пренесоа француските медиуми.

Абела (42) е избран за лидер на владеачката Лабуристичка партија, што автоматски му го обезбеди и премиерското столче во земјата. Новиот премиер е син на поранешниот претседател на земјата Џорџ Абела, кој на оваа функција беше од 2009 до 2014 година.

На 1 декември досегашниот малтешки премиер, Џозеф Мускат, изјави дека ќе поднесе оставка од функцијата во владата и на лидерската позиција во Лабуристичката партија. Таа одлука тој ја соопшти на одгласите и под притисокот на јавноста за скандалот околу истрагата за смртта на истражувачката новинарка Дафне Карина Галиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот