Ристовска: Лазаров уште утре би можел да биде селектор на Македонија!

фото: whccska.ru/Максим Серегин

Македонската ракометарка моментно ги брани боите на рускиот клуб ЦСКА Москва со кој има одлични резултати во Лигата на шампионте и е во трка за едно од местата кои водат во четвртфиналето сезонава.

Сара Ристовска која настапува на позицијата десно крило во интервјуто за рускиот веб портал „Брз центар“ зборуваше за амбициите и настапите со нејзиниот клуб со кој има договор до лето 2022 година.

Воедно зборуваше и за величината на нашиот најискусен репрезентативец, Кирил Лазаров кој е со националната селекција на Мундијалот во Египет 2021.

– Во Македонија го викаат едноставно и разбирливо – легенда. Човек на 40 години игра на неверојатно ниво. Тој е пример за карактер, ја има најбогатата кариера, титули, најдобар стрелец на најголемите натпреварувања и не застанува, оди напред. Лазаров би можел уште утре да биде селектор на македонската репрезентација. Тој има свој клуб, КЛ7, како инвестиција во иднината на нашиот ракомет – вели Ристовска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот