Ристоски останува селектор на Саудиска Арабија

фото: фејсбук

После две успешни години како селектор на одбојкарската репрезентација на Саудиска Арабија, Жарко Ристоски одлучи да ја продолжи соработката.

Македонскиот стратег и во наредната сезона 2020/2021 ќе ги води најдобрите одбојкари на Саудиска Арабија.

– Благодарност до Саудиската одбојкарска федерација за одбојка за продолжената соработка и довербата што ја имаат во мене. Заедно до нови успеси – вели Ристоски.

Претходно беше селектор и на нашата најдобра репрезентација со која успеа двапати да стигне до финалето во Европската лига.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот