Фото: EPA/ROBERT PERRY

Ример повика 25 фудбалери: Данска со Хојлунд, Исаксен и Ериксен против Македонија

Селекторот на данската фудбалска репрезентација, Брајан Ример денеска го објави списокот со играчи на кои ќе смета за претстојниот натпревар во полуфиналето од баражот против Македонија на 26 март во Копенхаген за пласман на Светското првенство 2026.

Во составот од 25 играчи има неколку изненадувања. Меѓу избраните играчи се напаѓачот на Бодо/Глимт, Каспер Хог, како и голманите Фредерик Ронов и Андреас Јунгдал. Хог стрелаше во победата од 3:0 на Бодо/Глимт во првиот меч од осминафиналето во ЛШ против Спортинг.

Во тимот се вклучени и неколку потенцијални дебитанти. Меѓу нив е и напаѓачот на Њукасл, Вилијам Осула, кој неодамна го постигна победничкиот гол во дуелот на Њукасл против Манчестер јунајтед.

Прв список на Седлоски – ги избра фудбалерите за мундијалската битка со Данска

Данците ја имаат фаворитската улога против Македонија, имаат доста квалитетни фудбалери особено во средниот ред и нападот.

Во средниот ред Пјер-Емил Хојбјерг, членот на Марсеј и поранешен играч на Баерн Минхен и Тотенхем, тука е и искусниот Кристијан Ериксен, играчот на Волфсбург. 34-годишниот играч освојуваше трофеи со Ајакс, Интер и Манчестер јунајтед во својата кариера, а со Тотенхем стигна и до финалето во ЛШ.

Во нападот е Расмус Хојлунд, соиграчот на Елиф Елмас, сезонава во Серија А досега има 10 голови и две асистенции во 25 настапи.

Повикан е и Густав Исаксен, фудбалерот на Лацио кој има четири голови и една асистенција во 23 настапи во најсилното италијанско првенство.

Составот на Данска за натпреварот против Македонија:

Голмани
Мадс Хермансен (Вест хем), Фредерик Ронов (Унион Берлин), Андреас Јунгдал (Вестерло)

Одбрана
Јоаким Андерсен (Фулам), Виктор Нелсон (Верона), Оливер Провстгард (Лацио), Лукас Хогсберг (Стразбур), Николас Нартеј (Штутгарт), Александер Бах (Бенфика), Јоаким Меле (Волфсбург), Виктор Бак (ФК Митјиланд).

Среден ред
Пјер-Емил Хојбјерг (Марсеј), Мортен Хјулманд (Спортинг), Виктор Фрохолд (Порто), Кристијан Ериксен (Волфсбург), Кристијан Норгард (Арсенал), Филип Билинг (ФК Митјиланд), Ноа Нартеј (Лион).

Напад
Расмус Хојлунд (Наполи), Густав Исаксен (Лацио), Микел Дамсгард (Брентфорд), Андерс Дрејер (Сан Диего), Каспер Хог (Бодо/Глимт), Јеспер Линдстром (Волфсбург), Вилијам Осула (Њукасл).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот