Рикер: Членството на Северна Македонија во НАТО – огромен исчекор напред по историскиот Преспански договор

Го чествуваме фактот дека дури и во година на пандемија, успеавме да ја внесеме Северна Македонија во НАТО како 30. земја членка на Алијансата, изјави Филип Рикер, американскиот заменик државен секретар за Европа и Евроазија. 

На денешното сослушување свикано од Хелсиншки комитет на САД по повод неодамнешниот Министерски состанок на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), Рикер истакна дека со членството на нашата земја во НАТО „е направен огромен исчекор напред, после историскиот Договор од Преспа”, во 2018 година. 

-Овој договор не само што покажа вистинско инспиративно лидерсто на Северна Македонија и Грција, да се разрешат долготрајните прашања таму, исто така, беше пример за поддршката на дипломатијата на САД во тие напори, изјави Рикер. 

Еден од резултатите на неодамнешниот Министерски совет на НАТО беше објавувањето на извештајот „НАТО-2030″, каде се истакнуваат препораки за идниот стратешки напредок на Алијансата. 

-Во историјата, НАТО остана најеминентна глобална одбранбена алијанса. Годинава славиме 70 години од формирањето, и Алијансата се покажа прилагодлива на разни стратегии во справување со заканите, проширувајќи се во вистинското време, кажа Рикер. 

Ротирачкото претседателство на ОБСЕ, организација во која членуват 57 земји, од следната година го преземa таканаречената „тројка”, прва ќе претседава Албанија, потоа Полска во 2022, и Северна Македонија ќе претседава во 2023 година, истакна Рикер.  

Во своето обраќање тој потсети на фундаменталните основи врз кои почиваат ОБСЕ и Договорот од Хелсинки. 

-А тоа е дека секоја земја членка е одговорна да се бори против дискриминацијата, да ги брани правата за слобода на говор на своите граѓани, а државните актери треба да работат со сите релеватни играчи, како политички, граѓански и верски лидери, за промоција на инклузивност и сојузништво, истакна тој. 

Додаде дека тоа е мошне важно за САД, „како голема нација и како член на ОБСЕ, која е пример, и покрај тоа што нашиот Устав е заснован на формирање на посовршен сојуз, досега не сме декларирале дека сме стигнати дотаму, стремеж кон кој сме постојано фокусирани.” 

Комитетот за безбедност и соработка во Европа, или Хелсиншки комитет, е независен комитет на американската Влада во кој членуваат истакнати политички лидери назначени од претседателот на американскиот Сенат и од спикерот на Претставничкиот дом. Сегашен претседавач е Алси Хејстингс од Флорида. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот